Никола Андреев (Алај-беј)

Роден е во с. Мокрени, Костурско, во 1879 година. Завршил гимназија во Битола, а воено училиште во Софија. Во почетокот на 1902 година влегува во четата на Марко Лерински, а подоцна организира своја чета.

За време на Илинденското востание учествувал како еден од костурските војводи. Особено се истакнал во борбите за ослободување на гратчето Невеска, на 25 август 1903 година. По Востанието дејствувал како кајларски и костурски војвода до Уриетот – 1908 год. По Уриетот станал учител во своето родно село.

Застрелан е од љубомора од неговиот другар поради заедничка симпатија во август 1911 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик