Парашкев Цветков

По народност е Бугарин. Роден е во 1875 година во Плевен, Бугарија. Завршил гимназија во Софија и потоа учителствувал три години. Во 1897 година заминал во Прага (Чешка), а потоа во Дрезден (Германија), каде што студирал музика. По враќањето станал професор во Битолската гимназија (1902).

Учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) каде бил избран за еден од секретарите. Уште пред Илинденското востание раководел со една од револуционерните чети во Битолско.

На 21 мај 1903 година со четата бил откриен и опседнат во с. Могила, Битолско, од 300 турски војници. По 36-часовна борба, тешко ранет, војводата П. Цветков извршил самоубиство.

<< Претходна | Следна>> | Именик