Make your own free website on Tripod.com
Тодор Лазаров

Роден е во 1869 година во Штип. Се школувал во Солун. По занимање бил трговец а подоцна и учител по француски јазик и музика. Во Организацијата се вклучил во 1894 година лично од Даме Груев. Во 1898 година бил фатен од турската власт, затворен и подложен на тешко мачење. Одлежал четири години во Скопскиот и Приштинскиот затвор.

Делегат е на Солунскиотконгрес на ВМОРО во јануари 1903 година. 

Во 1905 година бил пак затворен и испратен на заточение во Дамаск, Сирија, каде останал се до 1908 година, кога бил амнестиран од Младотурската власт. По амнестијата се вратил во Штип и станал член на новоформираниот ЦК на ВМРО.

На 18 септември 1912 година, во хотелот Ројал во Софија, Лазаров извршил самоубиство.

<< Претходна | Следна>> | Именик