Тодор Паница

Бугарин по народност, роден е во 1876 година во Орехово (Бугарија). Извесно време дејствувал во четата на скопскиот војвода Никола Пушкарев. Од 1905 година се поврзал со Серските револуционери и дејствувал на тој терен. Раководел со Драмскиот револуционерен реон.

По наредба на Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ на чело со Ј.Сандански, во 1907 година го извршил убиството на Б.Сарафов и И.Гарванов.

Во времето на хуриетот (1908) дејствувал заедно со Сандански и таканаречената Серска револуционерна група, која соработувала со младотурскиот режим.

Загинува 8 мај 1925 година од атентатот извршен врз него во виенскиот Бургтеатар од страна на крушевчанката Мелпомена (Менча) Карничева.

<< Претходна | Следна>> | Именик