Тома Николов Христов (Поп Тома)

Роден е во с. Вранештица, Кичевско во 1861 година. По завршувањето на Солунската гимназија станува учител а во 1889 година во Цариград е ракоположен за ѓакон. По создавањето на ВМОРО зазема видно место во борбата против поробувачите и е близок соработник на Д.Груев, П.Тошев, А.Лозанчев, П.Христов, Б.Сарафов, Х.Матов и др. Во 1902 година, по убиството на неколку бегови во Кичевско, тој е осомничен и лежи во затворите во Кичево и Битола. По ослободувањето, истата година е пак осомничен за убиство на еден предавник и знаејќи што го очекува, ја напушта службата и оди во четата на Т.Давидов.

Во 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес и добива задача за предавање на протоколите на Задграничното претставништво во Софија.

Се враќа по востанието и заедно со Д.Груев се оддава во возобновувањето на револуционерната мрежа. По Лигушовата афера во Битолско, поп Тома е пак во затвор и осуден на доживотен затвор, но по девет месеци, Хуриетот го ослободува од битолскиот затвор.

Умира во Софија на 18 август 1946 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик