Роден е на 1 септември 1858 година во с. Подмочани, Ресенско. Учел во Цариград, во Киевската духовна семинарија и една година правни науки на Московскиот универзитет. Во 1880/81 година станал учител во Петропавловската семинарија, а потоа во Солун и во други градови. После тоа бил и училишен инспектор во Велико Трново, од каде што бил и повеќегодишен пратеник во Собранието на Бугарија.
Во 1895 година е избран за претседател на првиот конгрес на македонските друштва во Бугарија. Учествува како доброволец во српско-бугарската војна.
Трајко Китанчев бил познат и како публицист.
Умира на 1 август 1895 година, во Софија. |