Трајко Кралот - Брничанчето

Роден е во 1874/75 година во с. Брник, Битолско Мариово.

Уште пред Илинденското востание активно се вклучил во дејноста на ВМРО. За време на Илинденското востание учествувал како четник во четата на познатиот прилепски војвода Крсто Гермов. Во 1905 година станал реонски војвода и самостоен водач на чета. Учествувал во борбите против турскиот аскер и грчките андартски чети што го тероризирале Мариово.

Загинал во борба со турскиот аскер во 1911 година кај с. Симитли, Горноџумајско.

<< Претходна | Следна>> | Именик