Make your own free website on Tripod.com
Ванчо Србакот

Роден е во с.Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода со чета дејствувал во Кичевскиот крај.

Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А.Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево.

Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов.

<< Претходна | Следна>> | Именик