Васил Аџаларски

Роден е во с.Аџалари, Скопско. Повеќе години бил околиски војвода во Скопската околија. Имал повеќе борбени судири со турскиот аскер. Особена храброст пројавил во зимата 1904 година, во еден судир со турскиот аскер кај селото Ибраимово, Скопско. Имено, опкружен од аскерот, В.Аџаларски со атакување и фрлање бомби успеал заедно со другарите да се извлече, пробивајќи го обрачот.

Загинал во 1910 година во Скопје, убиен од турската полиција.

<< Претходна | Следна>> | Именик