Васил Чакаларов

Роден е во 1874 година во с.Смрдеш, Костурско. Голем организатор на национално – ослободителната борба на македонскиот народ во Костурско. Костурски реонски раководител и војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес, заедно со војводата Пандо Кљашев, како претставници на Костурскиот реон. На конгресот Чакаларов бил задолжен да ги води протоколите. За време на Илинденското востание бил главен раководител на востанието во Костурско. Раководел и учествувал директно во многу борби со турскиот аскер во овој реон.

Загинал за време на Втората балканска војна на 6 јули 1913 година, на планината Вич, во борба против грчката војска.

<< Претходна | Следна>> | Именик