Спомени - Ѓорче Петров

XII.

План за соответна дејност се растројува, поради кусогледање од двете страни. — Тајно решење на офицерите постепено да ја земат В.О. во свои раце. — Првите дејствија на В.К. за да се приложи тоа решење. — Сарафов лекоумно се доверува на Фитовски, турски шпиун. — Предателството на Фитовски. — Разногласија меѓу Петров и Сарафов. — Нелојален став на В.К. спрема Ц.К.

Без Бугарија не можевме да поминеме. Јас сакав да ја канализирам тукашната сила да се слее со нас, но произлегоа конфликти, зошто од една страна наши луѓе се укажаа педантни, сакајќи така што тукашните дејци потполно да се сродат со внатрешните по погледите и приеми, и обратно тукашните почнаа упорно да го спротивставуваат пак своето чисто бугарско државно гледиште. Тоа беше кусогледство од обете страни. Ние сакавме не само да ја имаме широката печалба, материјал и луѓе од тука, туку и сакавме совршено да ги потчиниме на нашата дисциплина. Јас знаев, дека тоа таму лесно да се постигне е невозможно, но гледав колку се може повеќе да ја исползуваме емиграцијата за нашето дело. Кога после една година до 20 души офицери оттука посакаа да одат внатре, се согласив по принцип, но слкав и им советував да појдат не купче, за да не изгледа, оти тие завладуваат, оти тие внесуваат нов дух, ами да одат двајца по двајца во различно време во различни места, полесно се асимилираат со нашите дејци, да не внесуваат одеднаш голема разлика за да може да работат. К`е се постигнеше смешување на овдешни и тамошни сили, взаемно дејство, полно природно сливање. Но не ја усвоија овааа мисла, кое што не ја разбираа, кое што беше мачно да се реализира, зошто не секој можеше да отидне до тоа самоодрекнување така што да влезе во чета, да живее на општи начела со четниците, да заборави фамилија, да се ослободи од своето класово воспитание и предрасудоци. Офицерите сите беа овладеани од тие свои недостатоци, и затоа дојдовме до идејата да обидиме со фелдфебели. Ние и понапред баравме најголем потпор во млади, демократски сили, и такви сили спроведувавме. Но одвнатре се осети потреба од бојни луѓе. Претенциозноста на офицерите беше пречка. Фелдфебелите беа со по мали претензии така да можеа полесно да се слијат со тамошните наши работници без да се породува разлика на надворешни и внатрешни. Поканивме и офицери да појдат вака поединечно, нио тие откажаа, зошто тоа не се согласуваше со нивната интимна тенденција, што јас веднаш ја сфатив. Уште кога комитетот однапред се составуваше, Сарафовскиот, дваесетина души офицери од замешаните, во тој број и другарите од комитетот на чело со Цончев, Јанков и потполковникот Николов, се збирале на приватни советувања без мене и Делчев, тајно, и зедоа општо решение така што организацијата внатре, да се превземе од офицери, а Ц.К. исто така да мине во рацете на офицери внатре, и кога ќе се постигне тоа, генерал Цончев да си даде оставка и да го земе претседателското место во В.К. така да целото ослободително дело да падне во офицерски раце и офицерите да изведат востание во што покус рок. Дури кога се отцепи Борис од Цончев, ми го исповеда ова, што го знаев јас и одоколу. Тие си скроиле и план, како да стане востанието: да ја разделат Македонија на 14 востанички окрузи под шефовите на 14 офицери и други подофицери, а генерал Цончев тука да спреми се` за востанието и со големи сили од тука да навлезе во Македонија, значи како во 1895 година со разлика, што к`е ја имаат подршката и одвнатре. Главно е, дека и тогаш тие имале недоверба во дееспособноста на внатрешното население, така сиот свој надеж го базирале на тукашните резерви, што би ги повеле тие како доброволци.

Јас таму се излагав во почетокот, кога ги поткрепив офицерите, што не бев ја разбрал особената класова психика на офицерите, што тие не се во состојба ништо да вршат, без да ги смешаат своите класови наклоности. Беа ги задолжиле Сарафов и другарите со чисто завладувачка мисија, наиме тука тие да ја земат организацијата во свои раце и да можат да ја крепат и наспроти мене и Делчев, да не направат излишни, а внатре да уфрлат офицери и други војни сили, така да комитетот може еден ден од тука да ја превземе В.О. по општ план. Сето тоа требало да се врши тактично, да не го забележиме ние, зошто биле уверени, дека ние нема да го примиме, ако излезат отворено. Затоа — со итрост да ни се наложат еден ден. Систем на изигрување. Тие беа во едно уверени, дека само тие најдобро можат да ја ослободат Македонија, а играше улога и класовата офицерска честољубивост, тие да го извршат.

Борис во едно собрание, на кое што присуствуваа Цончев со 18-20 офицери, јас и Делчев, се` се испушти и рече дека секој поручник може да биде министер, такви умни биле тие. Ова јас го разбрав веќе и го прашав Цончев, го споделува ли ова мнение на Бориса. Тој мокна — итрец.

11 јуни.

Јас разбрав за ова тајно решение од Давидов во разговори, од Гаруфалов, а потполно го разбрав од полковникот Јанков на една сретба меѓу нас — мене и Делчев и офицерите. Јанков беше доста глуп и се издаде. Јас го подразбрав ова решение по мерките, што ги земаа тие и препорачуваа да се земат уште првите месеци, ги видов нивните желби во општи црти. Во своите писма до другарите во Солун соопштував за овие свои откривања. Воопшто пишував долги писма таму, во кои што им ја опишував подобро целата тукашна ситуација така да воопште ги опишував луѓето, фракциите итн., за да можат да си ја претстават тукашната положба, — ги осветлував сестрано. Со три шифри едновремено јас тогаш слободно си пишував како со обично писмо. Така редовно ги осведомував од денот на идењето ми во Софија до денот, кога ги заточија.

На конгресот се преизбра истиот комитет; само на место Бозуков се избра Саракинов. Конгресот пак даде директива: го ополномоштува В.К. да биде во врска со внатрешноста; ја прегрнува револуционерната дејност. Се предвиде за оние суми, што се трошат во внатрешноста, да не се разгласува, туку една комисија да ги прегледува сметките и само да му соопштува на конгресот, правилно или неправилно се потрошени.

Однапред ни беше уговорено, дека општувањата со внатрешноста ќе стануваат преку мене и Делчев, ние к`е ја водиме кореспонденцијата со пограничните внатрешни околии и со Ц.К. Надвор од друштвата на В.К. во пограничните тукашни околии ќе имаме свои специјални луѓе, што к`е работат со внатрешноста и што к`е зависат од мене и од Делчев. На другарска основа сакавме да го држиме во тек, В.К. за се, што има да се врши и што се врши внатре. Овај ред беше по взаемна согласност примен и записнички одобрен. Целта ми беше, да не станува форсирање, но да остане ваква практика, зошто не ја исклучував возможноста да дојде утре друг состав на В.К., со кој што не би могле ние внатрешните да работиме.

Штом се добија првите добри резултати од првата обиколка, а таа беше после 2-3 месеци откако се установивме (конституиравме), уште во почетокот забележив признаци, по кои се гледаше, дека офицерите почнуваат да се служат со тајни споразумевања.

1 — во. Момчињата од внатрешноста, што доаѓаа тука, бидејќи требаше да ги издржува В.К., Сарафов и С—ие посакаа овие момчиња да зависат од нив, а не од мене и Делчев; како што беше уговорено. Тие требаше само да збираат пари и да ни помагаат, а ние ќе им помогнеме да ги соберат тука; тие не треба да се мешаат во внатрешните работи, како што сакаше В.К. Почнаа да им даваат на момчината предебела издршка, не во духот на дотогашната наша практика, за да ги предрасположат кон себе. Напр. почнаа да дават плата по 60—100, дури и 150 лева месечно. Првите судирања ни беа по ова прашање. Момчината понапред се натпреваруваа, кој повеќе да гладува, кој повек`е да покаже самоодрекнување, а сега фатија да си завидуваат, кој повеќе плата добива. Последица на ова беше, што момчињата, што доаѓаа од внатрешноста, фатија настојателно да бараат големи помошти и плати — имало — немало. Овој разврат го предвидев. И, навистина внатрешните момчиња тогаш се разделија на две: морално послабите примија плати, а појаките не примија и си отидоа внатре. Така напр. Чернопеев и Михаил Попето во првото сретнување со офицерите, кога им се направија предлозите, оти ќе им се даваат пари за да се облекуваат арно и други средства, тие се потресоа, демонстративно ја напуштија канцеларијата, си ги зедоа пушките и отидоа внатре.

И самиот, Делчев, кога ги виде овие работи, се потресе, и како нестрплив отиде внатре, без да им речи дури и збогум, а ме остави мене да се расправам со нив. Борис беше главата на овие тенденции кон раскошност.

Во тоа време стана убиството на Михајљано и Фитовски. Делчев беше отишол, а јас во Бургас збирав пари. Бев ги поминал Хасково, Харманли, Јамбол, Казалагач, Бургас. Борис беше за истата цел во Русе. Некој си Фитовски, како што се разбра после, турски шпиун, нарочно, се гледа, се префрлил преку Дунав во Русе, се ставил со Бориса, му се претставил за македонски патриот, го испрашал да ли му требаат пушки, и кога му го потврдил Борис ова, го прашал, какви пушки ни требаат. Покрај тоа дознал од Бориса, и други кекои работи, божем со цел да ни услужи. Му се ветил дека може да се достави од Румунија колку сакаме пушки, зошто божем бил во врска со некои високи големци во Румунија. Борис му поверувал, се согласил, скроиле план и му препорачал свои луѓе — капетан Трлев, пожарни командир во Русе, поручник Софрониј Стојанов, поручник Камбуров — и му даде ми се чини и некаква сума пари како аванс. Слабост кај Бориса. После малу време турското комесарство со нота протестира пред бугарската влада поради посегнувањето на комитетот да набави пушки од Румунија, и ги изложува сите оние работи што му ги кажувал Борис на Фитовски. Излезе, оти Фитовски бил турски шпиун, дојден од Цариград во Софија, после појден по Бориса во Русе и ваму се што дознал, го доложил на турската влада. Се` ова Борис на своја глава и на своја лична одговорност беше го вршел. Ние бевме тогаш растурени. Бозуков беше тогаш во Коприштенско. Во истото време некој си студент Тодоров, Бугарин од Букурешт, му се препорачал на Бориса за македонски патриот, и Борис веднаш поверувал и го ополномоштил да оди во Букурешт и да образува комитет, препорачувајќи му ги и лицата, кои што јас и Борис пред две години ги бевме врбувале ваму за нашата кауза. Штом се вратил Борис тука, без да ме дочека да се вратам од Бургас, ги испраќа две-три момчиња од внатрешните (уште немаше тукашни момчиња врбувани за терористи) на чело со Никола Митев да го убијат Фитовски во Букурешт. Никола Митев беше добра сила, одличен работник од Кукуш. Ги препорачал Борис до истиоит Тодоров и после убиството полицијата го фаќа Тодоров и овај ги кажа момчињата, ја разоткри целата работа и ги разоткри сите планови, за какви што Борис му беше зборувал преувеличувајќи многу работи, за да си издејствува за себе милост од владата. Јас бев во Бургас; и весниците грмнаа, им ги читав имината на момчината. По рвој повод имавме со Бориса расправија за момчињата; особено за Митев ни беше жал, кој го владееше мајсторството на бомбите — да ги прави, а ова беше за нас многу важно. Имавме расправија и по разни прашања, напр. како така испраќа Борис мои внатрешни момчиња по работа надвор од внатрешните работи. Од тогаш Борис зафати се почесто да се служи со наши момчиња во името на платата, што ја даваше. Овој разврат и ова отстапување од договорот многу ме загрижуваше.

2 — ро. Рековме, оти со Ц.К. ќе ја водам јас кореспонденцијата, а тука во Бугарија ќе ја води секретарот Ковачев. Преку Бозуков комитетот се обиде целата кореспонденција и со внатрешноста да ја сосредоточи во рацете на секретарот Славчо Ковачев. Тенденцијата на ова сакање беше век`е јавно издавање на скриени намеренија, имено да го направат излишно претставителството на Ц.К., а ова работа да ја врши В.К. Излегуваше исто, што сакаше порано В.К., само сега под друга форма. Јас долго упорствував, зошто јасно го разбрав ова тајно намерение, на кое што му придавав големо значење. Се води преписка со Ц.К. по исто прашање, но најнакрај требаше јас да поотстапам предвид на тоа, што работите иначе одеа арно, така да не излегуваат пред светот сенки на разногласност. Ова стана по споразум со другарите во Солун, кои што решија, што, разбирајќи ги добро нивните намеренија, да се покажеме отстапливи, за да не се расипиме со разногласност пред луѓето. Да беше Делчев тука, по никој начин немаше да отстапам. Но сам, — требаше; другарите внатре беа отстапливи, а пак јас и така бев и понапред од другиот В.К. многу напаѓан заради својата неотстапливост. Отстапката беше таа, што записничките решенија на тукашниот комитет со мене заедно да ги препишува секретарот и да ги испрак`а во Солун, но со спрема потпис и од мене. А за себе јас го запазив личното право да си пишувам во Солун и да ги осветлувам своите другари за се` што нагледувам. Ова господата офицерчиња не го разбраа. Тие мислеа, дека кога решават со мнозинство, јас треба веќе тие решенија дури да ги бранам пред Ц.К. Скоро тие си ја зедоа слободата да си пишуваат направо во Ц.К. и без моја согласност и без да спремапотпишам, што си сакаат. Исто ваков спор постепено се породи за општувањето на пограничните пунктовски началници во Бугарија со нас. Малу-помалу и ваму го побараа истото право — секретарот на В.К. да се разбира со нив направо. И тука требаше да поотстапам, зошто застрашуваа, дека ќе го запрат испрак`ањето на оружје внатре, малу-помалу тие ги превртија тие наши пунктовски началници во агенти на тукашниот комитет вместо на В.К., како што си беа понапред. Имав спорови по ова. И пунктовските началници се разделија брзо на две, и предвид на материјалните облаги им се предадоа наполно, напр. Никола Зографов, саатчија, во Кустендил. А посамостојните само за лице се согласија, внатрешно си останаа приврзани на В.О., напр. Малешевски во Дупница, решени да се чуваат од поголеми посегнувања.

Проследува претенција од комитетот та се општува направо со погранични внатрешни околии. Ваму веќе не им отстапив и се запази правото така што само Ц.К. да општува со нив. Наспроти тоа тие пак со крадење си позволуваа да пишуваат напр. ќе дојде писмо за мене одвнатре, тие, кога к`е ме нема мене, ќе го прочитаат писмто и к`е си позволат да одговорат на писмото без да ме прашаат.

Така тие од самиот почеток — после првиот успех во 3—4 месеци — се обидоа да не направат нас, како претставители на В.О., излишни. Отпрвин тие само со итрини, а после осетувајќи се зајакнати, почнаа и поагресивно да настапуваат. Правото, тие да ги земат нишките во свои раце го мотивираа, што давал комитетот материјали за внатрешноста. Забораваа, оти тие, офицерскиот комитет, постоеја само во името на нашиот авторитет, на нашата кауза. Мнозина се примирија со овој офицерски комитет, особено со Бориса на чело, само за тоа, што јас и Делчев сме зад нив и што не ќе ги оставиме да вршат глупости. Ризов така се изразуваше.

Таму се отпочна политиката на надигрување, изигрување, да се издигнат прво во нашо име, а после издигнати, да почнат да ја применуваат не нашата програма, ами својата тајна, офицерска програма, која што радикално се разликуваше од нашата. Уште тогаш, кога го подразбравме се ова, тие беа во очите наши издајници на нашата кауза, на која што беа се ветиле да и` служат до крај. Колку и да го знаевме ова јас и другарите во Солун, требаше да бидеме отстапливи за да не даваме повод за нови раздори и меѓусебни борби, решавајќи се само да ја чуваме внатрешноста строго независна. Нивното — на офицерите поведение беше неморално, издајничко.

3-то. Уште при првите успеси со пари луѓето почнаа да ги изменуваат своите први мислења за одот на идната револуционерна борба. Штом се видоа со пари и со положај, штом им се мерна возможноста во брзо време да префрлат оружје во Македонија, веднаш им се јави мислата да го форсираат припремањето за востание, и почнаа да брзат со тоа востание, без да сакаат да знаат за нашите претходни услови по тие прашања, за принципите на В.О. Јас пак се најдов во истата положба, во која што се најдував понапред во борба со В.К. кога сакаа оттука да го форсираат востанието. Јас бев во уште полоша положба сега, зошто им бевме веќе дале возможност на многу луѓе и наши сочувственици да влезат во прави општувања со В.К., а пак пред светот и ние минававме за содружници со нив.

Уште тогаш им се беа зародиле во главите, макар и неоформени, оние поими за револуционерна борба внатре, за времето и карактерот на востанието, за улогата на емиграцијата и на Бугарија од една страна и на В.О. од друга страна, за соодносите на чисто бојните елементи на организацијата итн., кои што се оформија после конечно во Цончевиот В.К.

Бозуков се искажа, тој рече: „Вие ќе го готвите востанието малу-помалу, додека тоа узрее за да биде „народно востание“, а пак напр. јас ќе подигнам сам, к`е навлезам во околија со една чета, к`е направам скандали, ќе прогласам востание изгорувајќи некое село или нападнувајк`и некој град, и после тоа сакат нејк`ат к`е дигнат востание и другите околии; Турците к`е ве натераат најпосле и ете ти Бозуков го подига востанието. Ова беше само израз, невнимателен, на тоа што било говорено меѓу офицерите и што се вршело во главите на офицерите. Почетокот на врховизмот беше веќе тогаш оформен.

Отпрвин со церемонија барем со Ц.К., најпосле почнаа отворено да агитираат пред надојдените луѓе одвнатре (војводи, дојдени да примат оружје и др.) во полза на хегемонијата на В.К., кон кои што требало да се обраќаат и од кои што требало се` да очекуваат. Особено луѓето, што ги врбувавме тука да ги испраќаме за внатре, секогаш на овие луѓе скришум од мене им сугерираа да се сметаат за луѓе на В.К., а не на В. организација. Ми се чини кон крајот на првата година и по првиот конгрес наскоро си беа позволиле да испратат во Солун секретно од мене и од Ц.К. божем како негови луѓе, да ги изучуваат неговите намеренија и работи и да му реферисуваат тука на В.К., — обидување за да има В.К. претставителство таму вместо да општува со ЦК тука преку нас. Тогаш јас бев му пишал на Ц.К. едно писмо во Солун, кое комитетот тука го беше фатил. Тоа беше приватно писмо до Перета Тошев, во кое што меѓу другото му ја опишував на Перета дволичната улога на офицерите и му ги потворав очите да не се доверуваат и да бидат претпазливи. Јас не знаев, оти таму бил Александар Кипров. Другарите Кипрови меѓутоа се биле доближиле со Ц.К., станале поверливи луѓе и имале пристап до архивата така да поминало писмото кај него и допаднало и во Софија. Писмото, спроти мене, не можело да направи особен ефект, зошто тие веќе го знаеја ова мое мнение, бевме спориле многу, но просто го зеле ова писмо за повод да земат решение да се откинат од мене, зошто тие се осетиле веќе јаки.

При првите непријатности меѓу нас и В.К. во првите месеци Делчев замина, налутен, со голема чета внатре. Со него беа и старите војводи Кочо Муструка и Крсто. И Бозуков посака да појде со Делчев, и овај го прими. Целта на четата беше просто да појдат кон Солун без определена цел. Уште по пат во Мелнишко и Демирхисарско, Бозуков и Делчев помеѓу себе оладнеле. Делчев си агитирал меѓу селаните, што се јавувале пред нив, во името на Ц.К. Бозуков се почуствувал пред авторитетот на Делчев без значење и не се решавал да агитира за В.К., да го поткрепува неговото значење. Зафатил да агитира меѓу момчињата за да ги расцепи и најпосле му изјавил на Делчев, дека не може со него да оди. Се разделиле, со него останале неколку тукашни момчиња, а другите — со Делчев. Делчев му пишал на Ц.К. да му дадат пат да помине од кај сака, но истовремено ја опишал својата расправа со Бозуков и самиот него. Но Бозуков, макар да имал отворен пат и да поминал по канал низ Поројско во Кукушко, се уверил, оти без Делчев сосем ништо свое не може да протурка, дека агитацијата никој не му ја слуша. Разочаран од ова, по покажувањата на некои тамошни луѓе, се обидол да фати едно богато турче од Дојран (идеја, која одамна им се беше меркала на нашите ваму, но не можеле да ја применат). Бозуков не успеал и во ова, се врати недоволен од Ц.К., недоволен од приемот внатре, а просто разјарен против Делчева. Ова доста ги разјари и другите офицерчиња против нас воопшто, зошто, се гледа, уште тогаш Бузуков имал мисија да ја сондира почвата за идните односи на В.К. кон ЦК. Јас требаше скротливо да дејствувам пред нив, да ги изгладувам лошите впечачоци одвнатре, за да не очајават од работа. Кога по некое време се врати тука и Делчев, тој со Бозуков не сакаше и да зборува, не сакаше и да се јавува во комитетот. Делчев внатре од своите разговори со Бозуков, од неговите претензии и неговото поведение беше дошол до истата увереност односно тајните намеренија на офицерите, што ги јас по други патишта открив тука. Кога си разменивме мисли по ова прашање, се уверивме, дека еднакво сме се увериле, еднакви впечатоци сме извлекле. Сарафов и С-ие беа многу недоволни, што Делчев., кога се беше вратил од внатре, не отиде да им рефериса за својата работа внатре. Тие ја кажаа отворено оваа своја претензија, а Делчев, особено кога го чу ова, насекиран, сткажа дури и да оди во комитетот. Пак јас можев одвај да го убедам да оди барем во комитетот, зошто инаку требаше и јас да престанам да го посетувам комитетот. Делчев се согласи дека не е време за отворен раздор, и почна пак да оди во комитетот.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина