Make your own free website on Tripod.com
Спомени - Георги Поп Христов

ПРЕДГОВОР

Важно дополнување на сведоштвата кои ги имаме за револуционерните дејствија во Битолско и, особено, во Леринско, претставуваат спомените на Георги Поп Христов. И покрај својата краткост тие се одликуваат со точни и јасно изложени податоци за развојот на Внатрешната револуционерна организација во таа област во Македонија и за настаните од почетокот до крајот на Илинденското востание. Георги Поп Христов за сето време вршел важни раководни должности во Организацијата, поради што податоците што ги соопштува имаат несомнена историска цена.

Георги Поп Христов беше меѓу првите чии спомени по Илинденското востание почнав да ги забележувам - на 3 декември 1903 година, ја имавме првата средба. Поради скромноста со која Христов се одликуваше, како и поради недостатокот од слободно време, тој во раскажувањето ги избегнуваше деталите, иако јас точно во нив гледав ценет материјал за битовите карактеристики на населението, кое со искрена пожртвуваност се фрли во поројот на Револуцијата. За среќа, г. Христов е уште жив и ќе може да ги дополни своите интересни спомени со важните детали од она време, доколку уште ги помни. Овде го печатиме она што тогаш тој сам го запиша.

Љ.М.

Почеток | <<Назад | Напред>>