Make your own free website on Tripod.com
Спомени - Јане Сандански

Предговор

Ослободителното движење одоваде Вардар пред Илинденското востание се развива во посебни услови, во зависност од понепосредното влијание од страна на организирана македонска емиграција во Бугарија, поради што и учеството на источниот дел на Македонија во револуционерната борба, раководена од Централниот комитет на Внатрешната организација, е послабо и нерамномерио. Идејата, нашето поробено население да се подготви самостојно, на своите плешки да го понесе востанието, со сите материјални жртви неопходни за таа цел, не можеше одоваде Вардар да биде прифатено исцело и безрезервно, тоа главно се должи поради блискоста на Бугарија, за чија материјална поткрепа во решителниот час полагале многу повеќе надежи, одошто таму во Кичевско, Битолско, Охридско и другаде, каде влијанието на т.н. Врховен македонски комитет од Кнежевството едвај достасувало со слаби, нејасни еха. Затоа населението од револуционерните реони, што се граничеа со Бугарија, поставено меѓу двете идејни струи, што се бореа за првенство, - агитацијата на централистите и на врховистите, - самото да процени и да решава, не можело да не испадне во недоумица и да не се подаде на нскушението, дека со ветуваната помош однадвор ќе ги постигне својот идеал, ослободувањето, без да одделува од своите скудни средсва за купување на оружје и за многуте други потреби на револуцијата.

Во такви услови, се разбира, раководните личности на внатрешната организација во реоните одоваде Вардар, а особено во оние што граничеа со Бугарија, се наоѓаа во мошне тешка положба, главно поради недостиг нл матерлјалнн средства. А токму тука тие беа уште понеопходни, поради ривалството меѓу двата комитета што наложувало да се трошат луѓе и парн за да се завардат заземените, респективно да се завојуваат изгубени позиции. При постоење на силна желба кај внатрешните дејци, бездруго да излезат накрај, како и да е, со својата тешка задача, за нив не беше лесно да избираат средства, да не посегаат врз моралните и јуристички права на личноста. Треба да ја имаме во предвид и грубата стварност, сред која повеќето од тие дејци на револуцијата, - израснале во една неправна држава каква што претставуваше тогаш Турција каде самоволството и насилството со векови го продолжувале својот триумфален поход па биле испобркани сега за нас елементарните правни поими. Не мала сугестивна ролја имало и потполното прифаќање на принципот, дека целта ги оправдува средствата, што било прнфатено и од инаку најнекористољубиво преданите раководни личности на ослободителната идеја. Затоа не може да не зачудува што и Јане Санданскн, кај кого е одразен просечниот менталитет и условниот морал на средината од она време, ни најмалу не знаел за колебање, барајќи излезе од беспарицата, да прибегне кон практикуваното уште од дамнешни времиња жестоко средство - да се грабне некое лице, за да се земе богат откуп. Такви планови тогаш имале и други наши, многу поистакнати револуционери, и ги остварувале без многу морални скрупули, бидејќи обично се работело за заробување на некој богат Турчин. Но Јане Сандански, во своето отфрлање на секакви обзири, ги надминува сите други, за кое ни најмалу не му пречела и вродената безмилосност, кога го смислил и извршил смелиот план, да се фати истакнат туѓинец меѓу американските протестантски мисионери во Македонија. Од таа негова намера не можела да го скршне ниту околноста, дека наместо очекуваниот мисионер, накај Банско доаѓала мисионерката мис Стон, затоа што со тоа што ќе биде грабната жена, никако не се намалувале изгледите да се добие голем откуп. Карактеристично е и тоа, што Сандански во овој случај побарал млслење, сиреч одобрување за својот план и од повисоки раководни личности на Организацијата, кои, обземени од принципот „целта ги оправдува средствата", ја дале својата согласност. Не трееба да се заборава уште ни тоа, дека во таквите случан надвладеало сфаќањето дека со фаќањето на туѓинци во голема мерка се засегаат моралните и материјалните интереси на турската држава, која на крајот на краиштата за туѓиот свет останувала одговорна за бесправноста што владее во нејзините рамки, и која ќе ја поднесе на својата сметка и откупната сума исплатена на востаниците. Се сметало дека на тој начин во полза на македонската револуција се постигнува двојна цел –разнишување на престижот на Турцлја и истовремено добивање на паричнн средства неопходни за ослободителното дело.

И Сандански, очевидно, гледајќи така на својот план, го извршува со особена тактичност и со вонредна стрпливост и решителност издржува сe докрај во текот на повеќе месеци, совладувајќи дури и романтични тешкотии, бидејќи требало да ги крие грабнатите жени Американката мис Стон и Бугарката г-ѓа Цилка, што ја придружувала сe до самиот момент, кога по добиениот откуп, ги ослободил живи и здрави. Во оваа негова усрдност меѓу другите му помагал и војводата Чернопеев, како што ќе се види од спомените на Сандански. во кои се изнесуваат интересни подробности за заробувањето на мис Стон, што се непознати досега. Тогаш историјата со заробувањето на мис Стон предизвика голема сензиција, стана предмет на внимание на нашиот и натуѓиот печат, и цел свет најпосле разбра дека тоа е дело на македонските револуционерл. Па и самата мис Стон, потем, и наспроти претрганите стравотии, одржа предавања во Америка во прилог на македонското дело, за кое таа отпосле имала големи симпатии.

За големо жалење на Сандански, американските пари за ослободувањето на мис Стон, повеќето потем отишле не за непосредните цели на Организацијата, туку да се доведе докрај борбата што последнава ја беше презела против врховистите. Со тоа било пропуштено скапоцено време да се снабди населението со оружје за востанието, што Централниот комитет во Солун решил да се крене и го определил, за пролетта 1903 година. Сандански, жесток противник на другото востание, за кое врховистите јавно агитирале, останал до немајкаде изненаден од солунското решение за востание. Незадоволен од тоа, тој останува противник и на ова востание, и потем зема слабо учество во него. По неговиот неуспешен крај и Сандански привремено се прибира во Софија. Тогаш се запознав со него. Со почеток од 14 јануари 1904 год., тој неколкупати доаѓа кај мене, за да ги запишам неговите спомени, што понатаму ги соопштувам.

Влезен во остер конфликт со врховистите, а од друга страна чувствувајќн се пренебрегнат и од Централниот комитет, Сандански уште тогаш внатрешно оладел спрема последниов. И сепак до смртта на Г. Делчев, што умеел помирувачки да делува на неговиот негаторски дух, Сандански до крајот на Илинденското востание очевидно не прави раскин со внатрешната организација. Меѓутоа, по востанието, тој никогаш не го криеше своето разочарување од последната, остро го критикуваше нејзиниот централистички карактер, и се залагаше за преобразба на Организацијата врз „подемократска" основа. Сега е лесно да се разбере дека честољубивиот во душата Сандански, што постепено беше успеал да си создаде во пограничните револуционерни реони лични приврзаници, веќе бил одметник од Организацијата, што наскоро почнува сe појасно и појасно да се покажува и на дело. Младотурскиот пресврт, кога луѓето на Организацијата во еден фатален оптимистички занес пребрзано го положија оружјето и им дадоа доверба на младотурците, му дојде сосем погодно на Сандански, без никакво стеснување да ги прекпне врските со минатото и решително да тргне на своја рака, одржувајќи добри односи со младотурскиот режим, дури и тогаш кога обновената внатрешна организација против него поведе решителна борба. Патнштата меѓу неа и Сандански се разидуваа и неминовно дојде до меѓусебниот судир во кој загина и самиот тој.

Спомените, што ги изнесувам тука, привршуваат до кон крајот на Илинденското востание, а историјата, во која Сандански ја игра споменатата самостојна ролја, започнува дури потоа. Таа ќе треба допрва да биде опишана врз основа на други податоци, за психолошкото објаснување на кои не малу ќе послужат и овие спомени. Независно од поранешните побуди кај Сандански, чиј корен се наоѓа во настаните до крајот на востанието од 1903 год., некои од неговите подоцнежни постапки ќе се објаснат и со силните, автократски инстинкти на овој оригинален по својата решителност и упорност револуционер, што по случаен стек на околностите се издигна до тоа да има главна заповедиичка ролја во серскиот реон. Според правилото, дека човек израснува заедно со извршувањето на своите повисоки задачи, и Сандански постепено се покажува во својот вистински лик дури допрва, кога во вториот период од неговата револуционерна дејност му попадна судбата сам да решава важни и тешки задачи.

Љ.М.

Почеток | <<Назад | Напред>>