Спомени - Јане Сандански

VI

Оружени судрувања со Турците. – Врховистите дејствуваат заедно со внатрешните. - Големи турски загуби. - Напад врз г. Мехомија. - Горење на селата Белица, Обидим и Кремен. - По востанието Сандански се прибира во Бугарија.

Два-три дена заседававме во Пиринско, кај „Ливадката" и решивме ннкој да не го вовлекува населението во борба туку секој да гледа да стори нешто колку може. И тогаш решивме да го кренеме во воздух демирхисарскиот мост, а ако може да нападнеме и на градот. Го пративме потпоручникот Васил Ангелов со демирхисарската чета да проучат што може да се направи, бидејќи аскерот варди од двете страни. Датата на востанието, сиреч кога ќе започнеме со терористичките акции, беше одредена за 14 септември, Крстовден. Тогаш дојдоа врховистите - околу 20-24 август, дојде поручникот Стојанчев со 40 мина за да дејствува каде ќе му одредиме ние. Четата му ја поделивме - со 20 мина го пративме со Дедо Илија во Демирхисарско, а 20 мина останаа кај нас. Му рековме дека ние веќе имаме определен план за акција, па ако Стојанчев и неговите другари сакаат да дејствуваат во согласност со нашиот план, нека дејствуваат, инаку да си одат. Тие се согласија. На шапките од своите момчиња тој беше изнакачил бугарски војнички (тенеќени) грбови и еполети. Јас побарав да ги сметнат еполетите и грбовите. Некои гн сметнаа грбовите, други рекоа дека ќе ги сметнат попосле. Најпосле се спогодивме. Поручникот Стојанчев е родум од Бугарија. По нив дојдоа Дончо, Дарвингов и Стојанов, беа прегладнети, околу 80 мина. И тие се кандисаа, дошле да ни се стават на наше „располагање". Божем ќе се распределиме на помали групи, за да не нe откријат. Додека се најадоа, на 30 август, нe откри аскерот, што знаеше за нив дека дошле. Се судривме со аскерот кај паракливчето св. Троица, дадовме само две жртви, токму од нашата неврокопска чета беше убиен Димитар Гевгеливчето и уште еден. Од аскерот паднаа многу повеќе, - можеби 80 мина, затоа што тне беа во напад, а пречекавме во пусии еден дел од аскерот што нм доаѓаше од Мелник на помош. Им се доближивме дури до нагазување, на 50 чекори, дојде и друг аскер, но ние вечерта се извлековме. Утредента Цончев водеше борба во месноста Гарваница, во Пирин, - не мошне далеку. Селаните му рекле дека ние се бориме, та си помислил дека се уште сме таму. Ние му тргнавме на помош, но додека да стасаме борбата беше веќе завршена. Нашиот другар Спиро Петров, со оние 20 мина од Стојанчев и негови 8-9 мина отишол во Разлог, да пренесува материјали, па кога узнал дека сме се бореле, свртел да ни дојде на помош, и кога дошол над селото Пирин, во месноста Куклите, селаните што биле избегани од с. Пирин почнале да го молат: „Бате Спиро, немој да не оставиш!" И тој им го ветил тоа. Зафаќа една чука, а потпоручникот Настев (од луѓето на Стојанчов) зазема друга чука. Доаѓа аскер, без да знае дека чуките се заземени. Се судруваат првин со Спиро, и дел од нив се повлекува накај чуката каде е Настев и тука започнува борба. Настев со своите другари се повлекува без да му јави на Спиро, а Турците ја заземаат позицијата на Настев, и оттаму му се нафрлуваат врз Спнро. Овој се крепел до вечерта и најпосле паѓа со уште четворица свои другари, а паѓаат и други 5-6 мина од Настевите, што биле кај него - сe на сe загинале 12-тина мина. Од аскерот загинале множество - најмалу 100 мина. Кога паднал Спиро, Турците помислиле дека тоа сум јас па низ Џумаја испозалепиле огласи. Додека Спиро се борел, ние ги слушавме пукотниците, но бевме далеку - јас бев далеку со Цончев, Јанков и др. на Гарваница.

После отидовме во Неврокопско и сите се собравме кај езерата над Брезница. Се разделивме, јас отидов во Мелничко, и со мене уште Дончо, Дарвингов и Стојанов. Цончев, Јанков и со нив Стефанов и Симеон Витанов отидоа во Разлог. На оној наш конгрес, за кого споменав, избравме окружно раководно тело: Димитар Стефанов, Радославов и Симеон Витанов. Кога дошле таму, се собрале, решиле да го нападнат г. Мехомија. Праќаат 100-тина внатрешни луѓе -мехомијчани, здоговорени - па оние однатре да кренат бунт, а однадвор по даден сигнал да удри Цончев. Но оние што вечерта требало да отворат оган, биле насетени од Турците, и започнува стрелба попладне, започнува борба внатре, палење на куќи, а Цончев, што бил оддалечен од Мехомија на час и половина пат, не отишол на помош. Во тоа време ги пратиле Лефтеров и Танушев (Цончев ги испратил) на Предел, да му попречат на аскерот, ако наиде оттаму, да го запрат. А тие си ги ставиле пушките на рамо, и право на граница. Цончев го сторнл истото. Јанков со Настев и Герџиков (српски офицер) и др., биле кај Белица, и таму се бореле. Турците ја запалија Белица (700 куќи, од кои 150 турски). А пак поручникот Атанасов оди и со една смешана чета удира на аскерот во селото Обидим (80 мина аскер). Убиле неколцина од нив, а другнте се разбегнуваат. Утредента Турците се враќаат и го запалуваат Обидим и Кремен. Уште во Демирхисарско Стојанчов водел една борба и што поскоро си се повлекол накај границата, Во Серско, тамошната чета под водство на Николиев води две борби - едната кај селото Фраштани, а другата кај с. Мертатово.

Со тоа заврши востанието. Нас во Мелничко аскерот не откри, не опколиса, но не отвори оган. Ние бевме зазеле позицин, па и тие исто така, се гледавме 5 часа, Турците не нe нападнаа. Вечерта ние се извлековме од своите позиции над Лилјанската река над „Скалата", и слегнавме накај Креснпчко. Преденувавме, а утредента зазедовме позиции, испративме по леб, ни донесоа малу леб и аскерот почнал да се раздвижува. Стојанов испратил 10 свои момчиња во селото Вали, да фатат некои чорбаџии - двајца (Тодор Мицев, коџобашијата и В'цков). Тие двајцата, откако биле фатени, биле истерани од селото горе, но успеале да избегаат. Намерата на Стојанов му била да бара пари и да ги убие, затоа што во текот на поланското востание овие двајца предале некои пушки. Јас откако узнав со што се занимава Стојанов, се разделив и отидов во Разлог, и со мене дојде Дончо, што изјави дека немал време да стои гладен. Останаа Стојанов и Дарвингов.

Во Разлог се задржав 10 дена и разбрав дека сите чети бегале во Бугарија. Најпосле на 29 септември и ние тргнавме во Бугарија. Падна снег, момчињата беа необлечени, без кепиња. Две вечери спиевме на снег на Пирин, уште на одење во Разлог. На Добро Поле поминавме под Царев Врв и удривме на пресрека меѓу Пастра и манастирскиот чифлик, и слеговме во Дупница - накај 2-3 октомври. Во Мелничко останаа мои другари 12 мина. И тие после дојдоа во крајот на октомври. Јас поминав со 20 мина. Моите луѓе и сега наминуваат тука.

Почеток | <<Назад | Содржина