Спомени - Лазар Димитров

Битка на 14 септември, кај Лешани

Следните сведоштва се запишани според исказот на Миладин Иванов од Арбино четник во реонската чета на Дејан од Долна Дебарца, а понекогаш и раководител на лешанската чета. Војвода на селската чета беше Миладин Стојков од Лешани.

На 14 септември утрото, уште неразбудени, четите беа на врвовите на планините, а ние со поп Васила бевме кај фурната. Четите забележале дека доаѓа многу силен аскер: од Ресен, низ Буково-Плаке-Брежани; охридскиот аскер доаѓал откај Куратица, силурскиот откај Куратица и Лешани. Од трите страни имаше околу 4000 војиици. Нашата чета броеше 30 души, но со нас уште беа - четата од Плаке - 60 души, Дејановата 40, опеничката 15-16 и четата од Куратнца со 25 четници. Кога го виделе аскерот, четите отстапиле, без да ни соопштат и нам. Дојде Стојан Настов од опеничката чета и тој не извести. Време за бегање немаше. По малку, аскерот се здаде одозгора. Почнавме да бегаме - јас, поп Васил, Стојан и 30-40 невооружени мажи - фурнаџии, касапи, курири и др. сите од Лешани. Но, аскерот се доближи и веќе немаше каде да се бега. Јас легнав и почнав да пукам, а другите продолжија да трчаат нагоре. Поп Васил, на десет чекори од мене, легна и почна да пука, но брзо беше убиен, а подоцна главата му ја зедоа Турците од Ново Село. Кога ја зеле главата на поп Васил, пееле, се веселеле и играле, зашто отепале баш-комита и чекале голем бакшиш од султанот. Подоцна појасот и табакерата ги препознале кај турски војници во Охрид. Јас, бранејќи се, самиот видов дека паднаа тројца, но подоцна слушнав дека во Охрид се зборувало оти биле отепани 11 Турци. Тоа го кажувале самите Турци. Потрошив 14 патрони. За попот кажуваа дека потрошил 70 патрони, дека многу војници соборил, и дека уште мнозина ќе отепал ако не му ја скршеле пушката. Другите избегаа кон Трапчин Дол. Ранија само еден селанец од Белчишта. Опколен од сите страни, јас престанав да пукам и се прикривав до вечерта. Ноќта половина чета отиде во Лешани, другата половина речиси 4 часа беше блиску до нас, во месноста Бели Водици. Турците со себе носеа говеда, бравови и друга жива стока од Велмеј, Брежани, Лешани. Житото го изгореа и се што ќе сретнеа пред себе уништуваа. На 15 утрото аскерот се растури - секој отиде од каде што дојде. Тогаш јас бев надвор од опасноста и отидов во Слатинско, кај другите чети.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина