Make your own free website on Tripod.com
Спомени - Лазар Димитров

Битка на 31 август, кај Марково Долче

Четата од селото Опеница, со која раководеше Аргир Маринов - стар учител од Охрид - се наоѓаше во месноста Марково Долче. Тоа е простор, долг 5 километри, исто толку широк, се наоѓа меѓу селата Куратица, Речица, Свиништа и Завој. Селски војвода на четата беше Блаже Митрев од истото село. Четниците во четата беа од - Опеница, 30 души, 10 граѓани, 20 од Велгошти, 10 од Завој и 5 од Косел. Со сите раководеше Аргир, освен со четниците од Велгошти кои беа под раководство на Јонче Шокаров. Сите четници беа на позициите од сите страни на месноста. Тие ги чуваа нејзините граници. Три групи од по 10 души беа на позициите покрај патот. Не пуштаа ни пиле да помине по патот Ресен-Охрнд, за да не навлезе непријателот од градот низ турското село Расино. Друга група беше на Висока Чука, или Ќуле, највисокиот врв на Марково Долче, од каде можеше да се следи движењето на непријателот било од Буково, било од Силурскиот рид, било од Демирхисар. Други две дружини беа на високите ридови од страната на Плаке и Речица. Така разместени, четииците чуваа 200 семејства, во збегот на Марково Долче, кај што беа и складовите за храна, подготвена за четите, но и за семејствата. Таму имаше и фурна и кошови со жито и кујна и готвачи... Таму имаше и комисија која ја распоредуваше храната меѓу луѓето. Меѓу Високо Дрво и Висока Чука, јужно, меѓу селата Сирула и Куратица, беше распореден дел од четата од Куратица, под старешинство на Христо Пековски од Куратица и под директно раководство на Н. Анастасов. Уште понајуг беа трите преостанати делови од оваа чета, под раководство на Јове Србинов. Најгоре, на север, на врвот Вишеслоец, на оддалеченост од 5 километри, беше војводата Дејан со 30 души. Источно од него, на 2 километра оддалеченост беше Узунов со 45 души. Јужно од Узунов, исто на 2 километра оддалеченост беше четата од Плаке која имаше 30 четници и со која раководеше Петар Чанов. Вака беа поставени четите кога ноќта меѓу 30 и 31 август, се зададоа околу 7000 души аскер и башибозук, со топови, со товарени и нетоварени коњи. Еден дел се размести на патот, едеи откај Буково на Плаке, еден накај Сирула на Вишеслоец, еден накај Расино на Високо Дрво, еден од Свиништа накај Речица, а еден дел слезе во Куратица. Меѓу месностите Високо Дрво, Вишеслоец, Висока Чука беа сместени околу 200 семејства од Сирула и Куратица. Таму имаше фурна, плетени кошеви со жито, од 20 до 30 вреќи брашно за востаниците, дента донесено од демирхисарските воденици, зашто нашите беа запалени. Таму беше и магацинот, кај што работеа покојните Дуле Пармаков, Антон Узунов, Лев Чинов, Ламбе Берберчето и граѓани од Охрид. Таму беше и стариот Велјан од Збажди и Спасе, кои беа чувари на магацинот. Таму беше и Лазар Шокаров, учител од Велгошти, оставен да ги прави списоците за битките. Таму беше и граѓанинот Стефан Коцев кого го болеа нозете, па му беше дозволено да се одмора. Непријателот молчешкум се доближувал од сите страни, се додека нашите не го забелажаа. Истиот час отворија оган од сите страни, со исклучок на четите од Плаке и на Узунов, кои се повлекоа без борба. Дејановата чета отвори оган и се биеше некое време, но кога виде дека ги нема Узунов и плекската чета, по двочасовна престрелка отстапи. Откако горните позиции му беа ослободени, непријателот почна да се доближува и кон другите и на тој начин не опколи од сите страни, така што и пилиња да бевме не ќе можевме да прелетаме. Со време и Високо Дрво беше заземено, а групата која беше таму се извлече откако отстапи незабележано, зашто местото беше пошумено. Топовите беа сместени на врвот Мазано, меѓу Високо Дрво и Висока Чука. Четата од Куратица по 3-часовна престрелка, гледајќи дека непријателот ќе ја блокира од сите страни, отстапи од позицијата и дојдовме до Висока Чука, кај Аргир. Во почетокот се биевме со големо одушевување. Громогласно „ура!" Откај Висока Чука се цепеше воздухот од пукањето на четниците. Таму беа и оние што беа задолжени за магацинот. Се собравме околу 45 души. Но, воодушевувањето не траеше долго, зашто не можевме да и се спротиставиме на бројната сила која ни се доближуваше од сите страни. Одлучивме да отстапиме откако оставивме 10 души за да го залажат непријателот додека се повлече групата. Дојдовме кај фурната, пивнавме по голтка ракија, која Аргир ја зачувал за црни дни и тргнавме нагоре кон страната на Плаке, со цел да ги фатиме високите места. Но само што поодивме стотина чекори, слушнавме пред нас залпови. По нив сфативме дека патот е блокиран. Одлучивме да се вратиме назад во долчето, кое речиси беше блокирано од непријателот. Но, имаше многу добри позиции, така што и ако загиневме, барем ќе се боревме јуначки. Само што дојдовме во долчето, наиде сурија мажи, жени, деца кои во паничен страв бегаа нагоре. Ги прашавме што се случува. Рекоа - „бегајте, зашто аскерот тргна по долот нагоре". Кога го слушнаа оваа, нашите се свртија пак назад, подразбирајќи дека аскерот е насекаде. Тоа беше точно, зашто не поминаа ни 50 чекори и сите беа отепани, масакрирани, соблечени голи и изгорени во огнот, запален за да нзгори целата шума. Ние кои останавме во долчето имавме само 3 пушки. Со мене беа - Јове Србинов, војвода од Куратица и Георги Тасев, четник од ова село. Без оружје беа повеќе од 200 семејства. Некои од нив беа скриени во дупките, други седеа во долот. Изгледаа ужасно, плачеа, викаа. Непријателот го зазеде долниот дел од долот и ги зароби сите жени и деца што се наоѓаа таму. Веднаш ги испратија во Косел, во кулата на Мефаин-ага. На 6-7 чекори од нас, имаше 40-50 жени и девојки од Куратнца. Над нас имаше многу аскер кој тркалаше во долот цели карпи откорнати од спилите. Додека бевме на позиција, куршумите не можеа да не погодат, освен ако дојдеа до нас. На крајот, откако уништија сe наоколу, дојде редот и на нас. Една група од 50-60 Турци слезе во долот и тргна кон нас. Штом се покажаа пукнаа три пушки и тројца Арнаути паднаа, а со тоа непријателот го фати паника кој не знаеше како да бега назад, викајќи - „гери ѓаур варимиш"! По ова ние се повлековме на втората позиција, малку понастрана од првата и чекавме да не нападнат. По едеи час, безброј залпови го заглушија местото. Отепавме тројца Турци. Во меѓувреме, жените од Куратица избегаа по долчето надолу, некоја ранета в рака, некоја в нога, некоја на друго место, иекоја грабнала пеленаче, некоја две деца и сл. Но, бегајќи од едни, беа пречекани од други истрели од спротивната страна. Ние повеќе не мрдавме од позицијата. Чекаеме да се судриме гради в гради со непријателот; го чекавме одозгора, одоздола или од двете страни. За наша среќа и за среќа на 700-те души кои беа без оружје во долчето, аскерот ги собра труповите и се врати назад и веќе не се обиде да дојде во долчето. Кога се стемни, излеговме да видиме каде е аскерот, кој е убиен, а кој ранет. Дознавме дека аскерот се поделил на неколку групи и отишол да преноќева во селата Куратица, Плаке, Свиништа и Буково. Ги собравме ранетите, ги сместнвме во дупките и им дадовме прва помош. Мислевме каде да одиме, па решивме да се разделиме - едни на една, други на друга страна. Заедно со ранетите бевме 5 души. Другиот ден излеговме да ги закопаме мртвите, и уште иемавме ни тројца закопано кога слушнавме пукотници. Втората вечер се повлековме кон Завој. По три дена, откако видовме дека аскерот замина во Охрид, се вративме на истото место и цели два дена ги погребувавме мртвнте.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина