Make your own free website on Tripod.com
Спомени - Лазар Димитров

II

Текот на востаничките дејства во Дебарско. Л. Димитров, секретар во четата на војводата Марко Павлев. Првите дејства по прогласувањето на востанието.

Востанието почна на 20 вечерта. Востанички места, фактички беа Горна и Долна Дебарца и Малесијата. Масовно беа востанати и многу помогнаа со воени сили - од градот Охрид, од полските села, од Струга и струшките села и од дебарскиот Дримкол. Во Малесијата востанието не се одржа долго - само околу две седмици: сите воени сили, со семејствата заминаа во Дебарца - Малесија опусте. Патот од Охрид и Струга, кој минуваше низ Малесија и Жупа за Дебар, беше непрооден до 17 август, кога аскерот и башибозукот, откако ги ограби, ги изгоре селата. Дури и подоцна беше малку прооден и може да се каже дека ние владеевме со Малесија до крајот на Востанието. Кон крајот на август таму се врати и локовската чета, по неа селечката, како и делови од збажденската и аржанската чета, кои неколку пати го напаѓаа башибозукот од Коџаџик кој доаѓаше за зулум по нивите, градините и по преостанатиот добиток. Освен тоа, низ Малесија се движеше дримколската (струшки и дебарски Дримкол) чета и минуваше и се враќаше неколку пати, по потреба, во својот реон.

Од почетокот до крајот на востанието бевме господари на Горна и Долна Дебарца и Караормаи, густа, непроодна планина меѓу Дебарца и Малесија. Овој простор, од југ кон север приближно е долг околу 12 часови пат, а во широчина 8. Првиот ден од востанието тука беа нападнати два непријателски пункта: мудурлукот Издеглавје и воениот логор на Сирулскиот рид. Мудурлукот беше напаѓан два дена, по што аскерот се прибра во кулите, кај што остана затворен два дена без храна и вода. Ќе бевме победници на овој мудурлук доколку на двајца турски војници не им успееше ноќе да се провлечат низ нашиот кордон кој ја имаше опколено кулата, да отидат во Охрид и да јават на турската власт за нивната положба. Третиот ден дојде многубројна војска и башибозук, па нашите чети беа принудени да отстапат. Обидот да го нападнеме и да го уништиме непријателот на Сирулскиот рид беше понесреќен. Не знам како, ама непријателот беше разбрал дека ќе го нападнеме и кога на 20 вечерта четите се собраа и тргнаа кон ридот да го иападнат аскерот, тој веќе фатил пусија на патот, кај што сакаа да минат четите. Штом тие се доближија до првите пусии, аскерот отвори оган. Беше убиен само курнрот, а другите, благодарение на ноќта се разбегаа и се спасија, така што центри на непријателот и натаму беа тие две места - мудурлакот Издеглавје и Сирулскиот рид и, главно, оттаму бевме напаѓани, иако аскерот не налаѓаше и од други страни: откај Куратица и Речица, од Ресенско, Демирхисарско, Кичевско и Дебарско. И покрај сe, ние бевме целосни господари на Дебарца, главно на планините и планинскнте села - до крајот на востанието - до почетокот на октомври. Аскерот не напаѓаше со миогубројна војска: со 2000, 4000 и повеќе војници и планински топови, но по походите или битките пак се враќаше во двата пункта или се враќаше во Кичевско, Дебарско и Демирхисарско. Врвовите и падините на Илинска планина, на планината Турје, врвот Голак и врвот Славеј (Караорман), главно ние ги држевме.

Ја прекинавме патната врска меѓу Кичево и Охрид преку Дебарца од почетокот до крајот на востанието: освен востаниците и аскерот, кој постојано напаѓаше, друго не се движеше по патот.

И патот од Битола до Охрид беше под наша контрола до средината на август: жива душа не се забележуваше на него. Него го чуваше храбриот војвода Аргир Маринов, кој загнна во битката кај Куратица, на 31 август.

Додека траеше востанието беше прекинат и патот од Горна Дебарца за Река (Дебарско) - низ селото Врбјани и планината Бистра.

Востанието ме затекна во Дебар. На 18 јули добив известување од реонскиот војвода во Малесија, Тасе Христов, да одам да се сретнам со четата кај селото Збажди (во Малесија, Охридско). Тргнав на 19 кон селото, а веднаш потоа отидов да ја најдам нашата чета (во с. Луково, Дримкол). Четата вечерта се уште не знаеше дека ќе се дига востание. На 20, Илинден, дојде повикот со упатства што да преземеме првиот ден. За струшкиот и дебарскиот Дримкол било решено да не го почнуваат востанието, зашто граничат со Помаци и Арнаути, но војводата од Малесија и покрај тоа ни нареди да востанеме вечерта на 20. Наш војвода беше Марко Павлев од село Безево. Јас станав нешто како секретар на четата. Собравме уште четници и ја поделивме четата на две - во едната јас и војводата, а во другата неговиот помошник. Ние си зедовме во задача да ја разурнеме телеграфската линија под селото Модрич, а помошникот Милош, откако зеде неколку четници, истото да го направи во Бигор. Ние го направивме тоа, фрливме во реката 13-14 бандери од телеграфот и во Средно Луково се сместивме во Богдановата колиба. Таму останавме и 21, но вечерта дојде известување да одиме во Малесија да им помогнеме на селечани, на селечките чети, кои беше фатиле бој со аскерот. Милош не ја изврши неговата задача, зашто не можел да собере четници, па и тој остана во тие села. Ако не нe викнеа во Модрич, ние планиравме да го отепаме полјакот-Арнаутин и да ј ги викнеме селските чети од Модрич и од Дренок да се дигнат како востаници, зашто беше договорено да чекаат известување од нас. Мислевме да го нападнеме аскерот кој беше сместен во Мерсимбеговиот ан, откако ќе ги собереме четите од сите села и од Јабланица и Луково. Но, планот не го остваривме зашто не викнаа во Малесија. На стемнување се искачивме на врвот Рујница, кај што од далеку се слушаше престрелката. Слеговме во Локов, беше темно. Седнавме на едиа широчинка кај чешмата, се напивме вода. Во селото немаше жива душа - само добитокот и кучињата кои лаеја. Со нас имаше луѓе од локовската чета, неколкумина од селечката чета, испратени да не викнат за помош. Тие не кажаа дека сакале да го убијат Шукри Чауш во кулата во с. Локов, но успеал да им избега.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина