Спомени - Лазар Димитров

III

Битка кај месноста „Умишта". Такир Тоља со баишбозук ги гори селата. Битка кај „Горица". Л. Димитров во Горна Дебарца до крајот на востанието

Набрзо заминавме кон позициите на селечани кои се бореа. Пративме двајца да видат дали има уште наши луѓе на позициите. Никој не одговори на паролата, иако имаше наши луѓе. Нашите беше заминале на друго место. Ние се вративме пак во Локов; поразмисливме што да правиме и бидејќи немавме никаква идеја влеговме во една куќа н побаравме храна - бевме 18 души. Утредеита во селото се покажаа неколку стари жени и еден старец - другите се упатиле со востаниците кон Караорман, во месноста Умишта. Додека ја баравме четата, покрај нас мина аскер, кој доаѓаше да им помогне на вчерашните, но не нe виде. Кога се слушна трубата почнаа и пушките да пукаат. Четите беа кај Умиш-та. Ние се доближивме. Таму битката веќе беше почната и траеше цел ден. Жените со добитокот биле испратени кон Караорман за да одат во Дебарца. Битката заврши околу 3 часот поручекот. Траеше над 9 часа. Наши имаше 6 отепани и двајца ранети. Турците беа на поотворено место и веројатно имаа двојно повеќе загуби. Со четата командуваше Цветко Христов (од село Присовјани, во Малесија). Тој беше полесно ранет. Му завршиле патроните, аскерот се наближил. но тој си пробил пат. По ова и четите отидоа во Дебарца, а аскерот и башибозукот се вратија во Дебар.

Ние останавме над Локов, на највисокото место, во месноста Плеш (голо, камено место). Тука најдовме малку добиток - кози и овци, па си колевме. Од Локов зедовме брашно и така истеравме 8 дена. Во тоа време не нe нападна никој. Аскер немаше. Отспротива имаше турски бачила, нe гледаа. Овчарите од бачилата пуштиле глас во Дебар, дека во Рујница има 50.000 комити и некои во тоа поверувале. Кај нас дојдоа четите од село Ташмаруништа, по битката што ја водеа и во која загубиле 14-15 души. Подоцна дојдоа од Драслајца, од Глобочица, Ложани и др. Се собравме околу 200 души. Целта беше да се формира поголема сила, голема малесиска чета. На 28 стаса писмо од Тасе Христов (реонски раководител на Малесија), кој не покани да одиме во Дебарца. На 19 јули стигнавме во Дебарца откако го минавме Караорман - голема, бујна планина, сета со бука и даб.

Во текот на ноќта Турците го запалија селото Присовјани. Ташмаруништа беше изгорено уште на 21 јули. Кога стигнавме во Дебарца, Тахир Тоља веќе беше поминал со околу 300 души башибозук, па беа изгорени Лактиње, Годивје и Врбјани. Не беа запалени Сливово, Турје и Мраморец. Нашата малесиска чета уште вечерта одлучи да стои пред анот, во месноста Горица, да го чува преминот за да не дојде аскерот да ги запали и тие три села. Таму стоевме до 4 август и дење гледавме како аскерот од далеку го проучуваше теренот за да дознае колку сме. На 4 бевме нападнати. Војводата Марко Павлев точно тогаш не беше со нас. Јас бев сам. Благодарение што во ташшрунишката чета се најде некој Пантелеј (родум од Вевчани) кој служел во романската војска како унтер-офицер, па него го ставивме за командант.

Штотуку се наместивме на позициите и ете го аскерот - на 200 метри, 400-500 души. Ние бевме околу 150 души, откако му бевме испратиле 50 души на Марко, кој беше далеку. Почна битката. Викна некој дека ќе бијат со топови, поради што локовската чета не напушти. Освеи тоа попот Милош и Наумче Илиев рекоа дека ние што сме на крајните позиции треба да отстапиме. На предните позиции се биеја уште 2 часа. Имаа 12 загинати и 5-6 ранети. Турците имале повеќе жртви. Тука повторно се покажаа Паителеј и едно момче, Георги Минов, од селото Враништа. Тие двајцата беа ги потрошиле патроните, околу 300, но и покрај тоа можеа да се извлечат. Дојде ноќта, Турците се вратија во Издеглавје, а ние ги прибравме ранетите и мртвите. На 5 август бев во Сливово, а иа 6 ме покани охридскиот началннк Узунов. Го осгавив Марко и отидов со поп Георги од Слатино. Отидовме во Демирхисарско, во селото Велмевци, кај што го најдовме Борис Сарафов. Таму немаше ниту војска, ниту битки, беа слободни се до почетокот на септемврн. Разговаравме со Сарафов. Ми даде писмо за охридското раководство, кое го најдов во месноста Чемерски Дол. Тука гн најдов Узунов, Чакров, Наума поп Анастасов, Кецкаров и Златарев. Тие го сочинуваа охридското раководство. Ме вброија и мене во тоа раководство како претставник на дебарскиот реон. Се поделивме на два дела: половината од раководното тело отиде во Горна Дебарца (Александар, јас и Кецкаров), а другите останаа во Долна Дебарца. Така поделени останавме до крајот на востанието. Ние постојано се движевме. Битка нашата „началничка" чета немаше. Бевме стиснати од секаде: главен центар ни беа Турје, Голак. Тие места аскерот од Кичевско, Демирхисар, Охрид и од Дебар ги зазеде и ние немаше каде да се движиме. Отидовме кон Караорман (во Малесија). Малесиските села на 17 август беа изгорени, откако пред тоа беа ограбени.

На 25-26 август капитулиравме: им рековме на четите да се вратат во своите села, да го скријат оружјето. Така и направивме. Многумина отидоа во Струга и Охрид. Оружјето секој го криеше кај што знаеше. Заминавме во Дримкол, мислејќи каде да избегаме. Тешко можевме да поминеме низ турските војски, па одлучивме да минеме низ Албанија, преоблечени како мајстори, со тесли, пили и други алати, со искинати алишта. Помиваме низ Дебар, преку Дрим, па низ Малесија, преку Мат-Окела (оттука почнуваат католички христијани, кои се полоши), ги поминавме миридитите, прегазивме еден ракав на Дрим и по крајбрежјето стигнавме до реката Бојана. Ја минавме и се најдовме на црногорска територија. Два дена останавме во Цетиње. Потоа преку Котор и Риека, дојдовме во Софија.

Подробности за борбите во нашиот крај ви приложувам во белешките, кои ви гн оставам на располагање.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина